• понеделник, 28 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во американскиот Конгрес внесен предлог закон за конфискација на руската нафта од санкционираните танкери

Во американскиот Конгрес внесен предлог закон за конфискација на руската нафта од санкционираните танкери

Вашингтон, 10 април 2025 (МИА) - Американски сенатори доставија на разгледувањње предлог закон за зајакната контрола врз санкционираните танкери од руската „флота во сенка“,  одговорна за три четвртини од извозот на руска нафта.

Според законот, САД ќе имаат право да конфискуваат нафта од танкери санкционирани од Министарството за финансии, а приходите од продажбата на оваа нафта да одат во полза на намалување на државниот долг на САД.

Законот ќе ја прошири размената на разузнавачки податоци и ќе овозможи инструменти за органите на редот да се спротивстават на „нелегалните“ мрежи за трговија со нафта, изјави еден од авторите на документот, републиканецот Џони Ернст.

-Покрај тоа што овој предлог-закон ќе ги спречи злонамерните обиди на Москва да ги поткопа американските закони, тој овозможува нашата земја да ги искористи конфискуваните средства, додаде Ернст.

Предвидено е создавање на фонд од 150 милиони долари за спроведување на санкциите и борба против нелегалната трговија со нафта наречен Russian Sanctions Enforcement Fund.

Заклучно крај на јануари санкциите опфатиле 200 танкери што не го почитуваат плафонот од 60 долари за барел поставен од Г-7. Најголем пакет санкции беше оној на администрацијата на Џо Бајден, воведен во последните денови од неговиот претседателски мандат. кб/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан