• среда, 25 декември 2024

Во Амбасадата на Србија во Скопје отворена Книга на жалост за несреќата во Нови Сад

Во Амбасадата на Србија во Скопје отворена Книга на жалост за несреќата во Нови Сад

Скопје, 2 ноември 2024 (МИА) - Амбасадата на Република Србија во Скопје соопшти дека во нејзините простории, на ул. „Питу Гули“ 8, за јавноста е отворена Книга на жалост за трагедијата што вчера се случи во Нови Сад. 

Македонските граѓани може да го изразат своето сочувство во Книгата на жалост од денеска до 4 ноември, од 12 до 18 часот.

Поради несреќата во која од падот на натстрешница на Железничката станица во Нови Сад вчера загинаа 14 луѓе, Владата на Република Србија денешниот ден,  2 ноември 2024, го прогласи за Ден на жалост во Србија. хс/лв/

МИА архива 

 

Остани поврзан