• недела, 22 декември 2024

Во Албанија утре почнува масовна вакцинација против Ковид-19

Во Албанија утре почнува масовна вакцинација против Ковид-19
Тирана, 27 март 2021 (МИА) - Премиерот на Албанија, Еди Рама од градот Шијак, каде го следеше вакцинирањето на вработените во градинките, најави дека од утре во Албанија започнува масовната имунизација на населението. - Од утре почнуваме масовна вакцинација, ќе ги заштитиме и вашите и родителите на вашите сопрузи, им рече тој на воспитувачките, што всушност значи почеток на реализација најавата што деновиве ја даде Рама, дека почнуваат со вакцинација на лицата со над 60 години.. Министерката за здравсвтво Огерта Манастирлиу, која го прдиружуваше Рама, изјави дека до денеска вакцина примиле 20.000 просветни работници и унверзитетски професори. - Процесот на имунизација продолжува непречено. Опфатени се 62.858 лица, здравствени работници, постари лица од 80 години, просветни работници и унверзитетски професори. До сега не се забележани никакви негативни последици по добивањето на вакцината. Денеска почнавме со вакцинација на воспитувачките и другите вработени во градинките. До јуни планираме да бидат имунизирани 500.000 лица, посочи Манастирлиу. Таа информираше дека во северниот албански град Кукс непречено се одвива и вакцинацијата на здравствените работници од Косово. Најпрво Албанија обезбеди 500 вакцини за здравствените работници од установи во Приштина, а по набавката на 192.000 кинески вакцини Рама истакна дека ќе бидат вакцинирани сите 11.000косовски здравствени работници. Во Албанија до сега пристигнати се над 282.000 илјади вакцини од Фајзер, од АстраЗенека Спутник В и од Синовак. За неполни 60 дена, како што најави Рама, тој број ќе се зголеми на 1,2 милиони дози. вт/ми/

Остани поврзан