• среда, 25 декември 2024

Во Албанија стапија во сила ограничувачките мерки за влез во земјата 

Во Албанија стапија во сила ограничувачките мерки за влез во земјата 

Тирана, 6 септември 2021 (МИА) - Во Албанија денеска стапија на сила ограничувачките мерки за влез во земјата, што Комитетот на експерти за справување со пандемијата ги донесе на 30 август, јави дописничката на МИА од Тирана.

Според ова одлука, граѓаните кои влегуваат во Република Албанија од сите гранични премини мора да исполнуваат еден од следниве три услови: да поседуваат пасош за вакцинација, при што од денот на ревакцинацијата треба да изминале најмалку две недели, негативен ПЦР тест не постар од 72 часа, брз антиген тест од 48 часа или потврда дека прележале Ковид, валиден до шест месеци по заздравувањето. 

Овие правила важат и за сите оние кои транзитираат низ Албанија, освен за децата до шестгодишна возраст. 

Албанските државјани кои постојано живеат во Албанија, а кои се враќаат од престој во друга земја и немаат еден од потребните документи, мора да се изолираат 10 дена и да го известат здравствениот орган да изврши тестирање на крајот од периодот на изолација.  

Во објектите на меѓународниот аеродром се дозволува влез само на оние кои патуваат, а кои строго треба да ги почитуваат пропишаните мерки  и протоколи. 

Комитетот претходно го зголеми и времетраењето на полицскиот час кој од 1 септември трае од 23 до 6 часот.  

Во меѓувреме не стивнува епидемиолошката состојба во земјата,  каде во просек дневно има по над 900 новозаразени. 

Министертвото за здравство по задолжителната  вакцинација против Ковид-19 за лекарите, наставниците и студентите, соопшти  дека истото  важи и за вработените во  администрацијата, полицијата, вработените во аптеките  и лабораториите. Тие треба да се имунизираат до 30 овој месец. вт/паг/

 

Остани поврзан