• недела, 28 јули 2024

Во Албанија системите со клучни податоци за криминалци сè уште блокирани

Во Албанија системите со клучни податоци за криминалци сè уште блокирани
Тирана, 15 септември 2022 (МИА) - По кибернападот веќе шести ден блокирани се двата внатрешни системи на албанската државна полиција АДАМС и МЕМЕКС, каде што се чуваат главните податоци за криминалци, што услови блокирање и на работата на истражителите, јави ABCnews.al.
Во системот АДАМС се запишани сите пријави за уапсени, приведени граѓани или оние кои се осомничени дека се вмешани во некој настан, јави дописничката на МИА од Тирана.
Во овој систем се чуваат целосни податоци за секое лице од почетокот на примањето на податоците, па се до доставувањето и упатувањето на материјалите до Обвинителството.
Во системот МЕМЕКС се евидентира секој таен податок што полицаец го има за секој криминален експонент. Овој систем служи и за примање и пренесување известувања за криминалниот настан што се случил, полициски информации како и податоци за лицата вклучени во овие настани или информациите што тие ги дале, наведува телевизијата.
Додава дека доколку податоците содржани во овие два система бидат објавени од страна на хакерите „работата на полицијата ќе биде минирана".
Двата најважни полициски системи се блокирани од петокот вечерта, откако хакери финансирани од Иран го погодија системот TIMS на граничните премини, чија работа, пак, целосно се нормализира за неполни три дена. вт/паг/
 
 

Остани поврзан