• четврток, 26 декември 2024

Во Албанија се испитуваат три сомнителни случаи на новиот коронавирус

Во Албанија се испитуваат три сомнителни случаи на новиот коронавирус
Тирана, 3 март 2020 (МИА) - Надлежните здравствени служби во приморскиот град Валона соопштија дека се испитуваат три сомнителни случаи на Ковид-19. Станува збор за лица кои пристигнале од Италија. - Беа шест патници за кои постоеше сомнеж дека се заразени со коронавирусот. Трите лица по направените прегледи резултираше дека не се носители на овој вирус, додека за другите три лица како сомнителни, според симптомите, испратени се мостри за испитување во лабораторијата на Институтот за јавно здравје во Тирана, изјавија за телевизијата „Ора њуз“одговорните во регионалната болница во Валона. Од таму ги објаснуваат препораки на Министерството за здравство кои и тука строго се почитуваат и спроведуваат. Меѓу другото, негираат дека во Валона, има недостиг на заштитни маски против новиот коронавирус, при тоа истакнувајќи дека од 1.200.000 маски распределени низ целата земја, 125.000 се дистрибуирани во регионот на Валона. Министерството за здравство ги повикува деловните субјекти да ги преземат сите санитарни мерки, како што е употребата на ракавици, како превентивна мерка против новиот коронавирус. Во Албанија до сега тестирани се 36 лица како сомнителни, а биле на патувања во земји погодени од новиот коронавирус, при што за сите нив резултатите се негативни. вт/ми/

Остани поврзан