• недела, 24 ноември 2024

Во Албанија продолжена важноста на документите за идентификација до 30 април

Во Албанија продолжена важноста на документите за идентификација до 30 април
Тирана, 27 март 2021 (МИА) - Албанската Влада донесе одлука со која до 30 април ја продолжува важноста на документите за идентификација кои истекуваат до 25 април, датумот кога ќе се одржат општите парламентарни избори. Одлуката е донесена по предлог на Министерството за внатрешни работи до кое барање за тоа претходно доставија претеседателот Илир Мета, а и Централната изборна комисија и опозицијата. Според официјалните информации на Генералниот директорат за матична евиденција има вкупно 1.062.000 граѓани кои не ќе можеа да го остварат нивното право на глас на 25 април, бидејќи нивните документи за идентификација се со истечен рок на важност или истекува до денот на изборите. Претседател Мета во барањето од 5 март за продолжување важноста на документите за идентификација (пасоши и лични карти) до 30 април, оценува дека со тоа ќе се гарантира уставното право на глас за сите граѓани на изборите на 25 април. Според него најмалку 800.000 граѓани со право на глас, не ќе може да учествуваат на изборите, што е 50 отсто од бројот на гласачите (1.613.960) кои го оствариле правото на глас на парламентарни избори во 2017 година. За него, позитивниот одговор на барањето ќе придонесе за остварување на граѓанското правото на изборите, како и за зачувување на интегритетот на изборниот процес. вт/ми/

Остани поврзан