• вторник, 24 декември 2024

Во Албанија пристигнаа американските хеликоптери „Блек хок“, за САД историски чин

Во Албанија пристигнаа американските хеликоптери „Блек хок“, за САД историски чин

Тирана, 14 јануари 2024 (МИА) - Амбасадата на САД во Тирана соопшти дека од САД во Албанија пристигнале американски хеликоптери УХ-60 Блек Хок, што деновиве го најави албанскиот министер за одбрана Нико Пелеши.

„Историско пристигнување на првите хеликоптери UH-60 Black Hawk. Американски транспортен авион Ц-17 пристигна во Тирана за да ја испорача првата нарачка на Албанија за хеликоптери Black Hawk, поддржани од над 50 милиони американски долари помош од САД“, соопшти американската амбасада во Тирана.

Во соопштението се оценува дека новите хеликоптери ќе помогнат во зајакнувањето на капацитетите на воздушните сили на Албанија и способноста за извршување медицинска евакуација, мисии за пребарување и спасување, како и поддршка на логистичките движења на НАТО за операции и обука.

„САД се горди на силното партнерство со Албанија во областа на одбраната“, се наведува во соопштението.

Премиерот на Албанија, Еди Рама, пристигнувањето на овие хеликоптери го оцени како „многу важна инвестиција за безбедноста на земјата, во соработка со стратешкиот сојузник САД“.

Тој на социјалната мрежа Фејсбук напиша дека оваа инвестиција директно влијае на растот и модернизацијата на албанското воздухопловство.

И министерот Пелеши, опремата со хеликоптери ја нарече важна за земјата и изрази благодарност за континуираната поддршка од САД.

Тој додаде дека заштитата и безбедноста на државата остануваат „апсолутен“ приоритет.

Како што претходно кажа Пелеши, двата средно-двомоторни хеликоптери „Блек хок“ (Sikorsky UH-60 Black Hawk) ќе бидат сместени во воздухопловната база Фарка, во изграден нов хангар за што се потрошени околу 3,5 милиони евра. вт/сд/

 

Фото: Амбасада на САД-Тирана

Остани поврзан