• недела, 24 ноември 2024

Во Албанија потврдено присуство на омикрон БА1 и БА2  

Во Албанија потврдено присуство на омикрон БА1 и БА2  
Тирана, 5 април 2022 (МИА) - Албанскиот Институт за јавно здравје (ИВЗ) информира дека во земјата е потврдено присуство на сојот омикрон БА1 и БА2. - Од референтната лабораторија во Германија бевме информирани за испратените примероци, каде од вкупно 556 примероци се покажа дека во земјата циркулираат БА1 и БА2-варијантите на омикрон. Исто така, но со мал процент циркулира и сојот делта, се наведува во соопштението на ИВЗ. Во соопштението се додава дека присуството на БА1 е потврдено кај 476 лица или 86 отсто од испратените примероци, БА2 имаат 46 лица или 8,3 проценти, а кај 18 лица или четири отсто е потврден сојот делта. - Распространетоста на БА2-случаи е поголема во заедницата во споредба со болничките случаи. Како што се случи во други земји, веројатно оваа варијанта ќе се префрли на доминантна варијанта, наспроти други варијанти поради високата преносливост, наведуваат од Институтот. ИВЗ апелира до сите граѓани да се вакцинираат против Ковид-19 во здравствените домови или пунктови за вакцинација, а ја потенцира и важноста од дополнителна, трета доза. Во Албанија досега со две дози се вакцинирани над 1,2 милион граѓани, а со трета доза повеќе од 245.000 луѓе. вт/ми/      

Остани поврзан