• вторник, 12 ноември 2024

Во Албанија директните странски инвестиции за шест месеци 686 милиони евра, со раст од 7,9 отсто

Во Албанија директните странски инвестиции за шест месеци 686 милиони евра, со раст од 7,9 отсто

Тирана, 13 септември 2023 (МИА) - Странските директни инвестиции во Албанија забележале нови рекордни вредности за вториот квартал и вкупно за први шест месеци од годинава, објави Централна банка на Албанија.

Според банката, во вториот квартал вредноста на странските директни инвестиции достигнал 379 милиони евра, што е зголемување од 12,5 отсто  во однос на истиот период пред една година.

- Во првата половина од годинава, вкупната вредност на странските директни инвестиции достигна 686 милиони евра, со зголемување од 7,9 отсто во однос на истиот период минатата година. Растот се должи на прилив на нови инвестиции и со зголемување на реинвестираната добивка на постојните инвеститори, наведува банката.

Додава дека 51 отсто од странските директни инвестиции се реинвестирана добивка, додека 49 отсто се нови капитални инвестиции.

- Дојдовните девизни текови во форма на странски директни инвестиции се концентрирани во недвижен имот, во обем од 20 отсто, во секторот хидрокарбуранти 17 отсто, во финансискиот сектор 15, а во секторот енергетика девет отсто од вкупниот износ, стои во објавата на Централна банка на Албанија. вт/

Фото: ЦБ на Албанија

Остани поврзан