• среда, 18 декември 2024

Во Академијата за судии и јавни обвинители веќе нема да има политизираност, туку транспарентно ќе се избираат членовите, вели Фетаи

Во Академијата за судии и јавни обвинители веќе нема да има политизираност, туку транспарентно ќе се избираат членовите, вели Фетаи

Скопје, 13 октомври 2024 (МИА) - Вицепремиерот задолжен за политики за добро владеење, Арбен Фетаи на денешната прес-конференција прашан за коментар во врска со случајот на неизбирањето на директор во Академијата за судии и јавни обвинители, посочи дека не може да се меша во работата на независните органи. Сепак, додаде дека во минатото оваа Академија се соочувала со голема политизираност, напоменувајќи дека во иднина ќе има транспарентни процеси на избирање на членови во ваквите институции.

-Како вицепремиер и Влада не сакаме да се мешаме во работата на независните органи. Ние имаме ветување пред меѓународните партнери во рамките на реформската агенда со ЕУ за системски реформи во правосудниот систем. Ќе има сеопфатен процес кој ќе биде консултативен со заинтересираните странки и ќе излеземе со најдобрите можни решенија, вклучувајќи ја и Академијата, рече Фетаи.

Тој додаде дека во иднина ќе има транспарентни процеси за избирање на кандидати во академии, соодветно на нивните квалификации, потенцирајќи дека нема да има случаи каде членови ќе стануваат луѓе без положен правосуден тест.бт/нд/

Фото: МИА Архива

 

 

Остани поврзан