• петок, 27 декември 2024

Во Аеродром се одржаа пензионерски спортски натпревари

Во Аеродром се одржаа пензионерски спортски натпревари
Скопје, 13 септември 2021 (МИА) – На спортското игралиште во основното училиште „Александар Македонски“, во општина Аеродром вчера се одржаа 25. Регионални спортски натпревари. Учествуваа над 200 пензионери од пензионерските здруженија од Скопје. -Пензионерските спортски игри, што ги организираше здружението на пензионери „Солидарност – Аеродром“ со поддршка на Општината, содржеа пет дисциплини, трчање на 60 метри за жени и 80 метри за мажи, фрлање ѓуле, шутирање пенали на мали голчиња, шутирање кошеви и скок во далечина од место, информира Општина Аеродром. Традиционалните спортски игри на пензионерите се организираат секоја година со цел да им овозможи дружење и социјализација на оваа категорија граѓани. ки/дма/

Остани поврзан