• четврток, 26 декември 2024

Во Адвокатската комора утре отворен ден за граѓаните по повод Европскиот ден на правдата

Во Адвокатската комора утре отворен ден за граѓаните по повод Европскиот ден на правдата

Скопје, 24 октомври 2023 (МИА) - По повод Европскиот ден на правдата, 25-ти Октомври, Адвокатската комора на Република Северна Македонија (АКРСМ) утре, од 10 до 13 часот, организира отворен ден за граѓаните.

- На овие средби, кои ќе се одржат во просториите на Комората лоцирани на улица „Руди Чајавец“, бр. 1, лок. 15 во Скопје, граѓаните преку разговор со адвокати ќе можат да се информираат за своите права, информираат од  Адвокатската комора.

Европскиот ден на правдата секоја година се одбележува во сите држави во Европа со организирање на отворени денови во различни институции, организирање на конференции и друго.

- Целта за одбележување на Европскиот ден на правдата е правдата и нејзиното спроведување да се доближи до граѓаните и истовремено тие да бидат запознаени со нивните права. Исто така, на овој ден граѓаните се запознаваат со функционирање на системот на правосудството во поширока смисла, посочуваат од Комората.

Иницијативата за одбележување на овој ден потекнува од Европската комисија и од Советот на Европа кои широко го поддржуваат организирањето на активностите во сите европски држави. ир/нд/

 

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан