• четврток, 26 декември 2024

Во Австрија прогласена тридневна жалост  поради терористичкиот напад

Во Австрија прогласена тридневна жалост  поради терористичкиот напад
Виена, 3 ноември 2020 (МИА) - Австриската Влада на денешната вонредна седница прогласи тридневна жалост поради терористичкиот напад што синоќа се случи во Виена, при што се убиени четири лица, а повредени се најмалку 17 луѓе. Знамињата во сите државни институции се спуштени на половина копје, а на пладне ќе има една минута молк за жртвите. Додека утре во училиштата, според владината одлука, ќе биде одржано сеќавање на жртвите од терористичкиот напад. - Австрија била, останала и секогаш ќе биде нација на шареноликост, дијалог и меѓусебно почитување поради што настаните од 2 ноември тешко не погодија, се наведува во одлуката на Владата. Претседателот на Австрија, министрите, претседателот на Парламентот, како и градоначалникот на Виена денеска ќе положат венец на местото на нападот. Според австриската Влада терористичкиот напад го оцени како „напад врз слободата и демократијата“. Последен пат во Австрија беше прогласена четиридневна жалост по смртта на австрискиот претседател Томас Клестил во 2004 година. ми/

Остани поврзан