• сабота, 21 декември 2024

Во август угостителските услуги поскапеле за 5,1 отсто на годишно ниво

Во август угостителските услуги поскапеле за 5,1 отсто на годишно ниво

Скопје, 5 септември 2024 (МИА) - Цените на угостителските услуги во август во однос на јули годинава се зголемени за 0,2 отсто, а споредено со август минатата година за 5,1 отсто.

Државниот завод за статистика денеска објави дека споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Храна за 0,3 отсто, Алкохолни пијалаци зa 0,3 отсто и Ноќевања за 0,1  отсто.

- Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – август 2024 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 5,5  проценти, додека во однос на декември 2023 година е зголемен за 2,6  проценти, информира ДЗС. лв/бак/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан