• среда, 25 декември 2024

Во август сообраќајната полиција санкционирала 1678 прекршоци во тетовскиот регион

Во август сообраќајната полиција санкционирала 1678 прекршоци во тетовскиот регион
Тетово, 5 септември 2022 (МИА) - Во текот на август годинава, полициските службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово-Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, на поширокото тетовско подрачје, во тековни-редовни и 34 акциски контроли вкупно откриле и санкционирале  1678 различни видови неисправности. Во контролните активности, реализирани минатиот месец, а поради констатирани прекршоци, од сообраќај билe исклучени 60 возила, од кои 50 поради истечена регистрација до и над 30 дена, а десет поради утврдена техничка неисправност. - Во август, исто така, од сообраќај биле исклучени и 186 возачи, од кои 107 управувале без возачка дозвола, 35 под дејство на алкохол, 26 возачи-почетници кои не се придржувале на законските ограничувања за оваа категорија возачи, седум  со несоодветна категорија и 11 со важечка забрана за управување. Покрај тоа, во периодот за кој станува збор, времено биле одземени вкупно десет возила од кои за истечена регистрација повеќе од шест месеци седум возила и за бучавост три возила, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово. Одземени биле и 49 возачки  и 35 сообраќајни дозволи, додека тетовската „пајак-служба“ вкупно подигнала 378 непрописно паркирани возила, најмногу во централното  подрачје на Тетово, каде е и најголема вкупната сообраќајна динамика и фрекфренција на возила и пешаци. ас/цр  

Остани поврзан