„Војска на крадци“ најгледан филм на Нетфликс
- Заплетот на филмот, кој всушност е претпродолжение на „Армија на мртвите“, е сместен во раните денови на зомби-инвазијата во Лас Вегас. На ИМДБ, филмот засега има оценка 6,4 /10.
![„Војска на крадци“ најгледан филм на Нетфликс](https://new.mia.mk/index.php/images/20221108214654_big_730x400_49.webp )
Лос Анџелес, 3 ноември 2021 (МИА) - Филмот „Војска на крадци“ (Army of Thieves) на Зак Снајдер ја симна серијата „Игри на лигњи“ (Squid Game) од бројот 1 меѓу најгледаните содржини на Нетфликс, по скоро еден месец доминација. Снајдер ја прослави веста на Твитер.
„'Армијата на крадците' е број еден во повеќе од 90 земји“, напиша тој.
Заплетот на филмот, кој всушност е претпродолжение на „Армија на мртвите“, е сместен во раните денови на зомби-инвазијата во Лас Вегас. На ИМДБ, филмот засега има оценка 6,4 /10, а на страницата „Ротен томатос“, која собира мислења од филмските критичари, има 70 насто успешност.
https://www.youtube.com/watch?v=Ith2WetKXlg