• недела, 01 септември 2024

Војската на Црна Гора ќе изведува воени вежби на Криволак

Војската на Црна Гора ќе изведува воени вежби на Криволак
Подгорица, 7 јуни 2021 (МИА) - По несоглавања од локалното население на планината Сињајевина, Војската на Црна Гора (ВЦГ) наскоро ќе продолжи со вежбовни боеви гаѓања на полигонот Криволак во Северна Македонија, потврди министерката за одбрана на Црна Гора, Оливера Ињац и началникот на Генералштабот, бригадниот генерал Милутин Ѓуровиќ. ВЦГ нема свој полигон и веќе неколку години не изведува редовни вежбовни артилериски гаѓања што има негативно влијание врз борбената готовност. - Многу брзо, во текот на јули, најдоцна на почетокот на август, припадниците на ВЦГ ќе одат на полигонот Криволак во Северна Македонија, изјави Ињац. Таа додаде дека неодамна го посетила Криволак и оти „колегите од Северна Македонија го прифатија нашиот предлог единиците на ВЦГ да го користат овој терен за обука“. Таа нагласи дека се е веќе договорено. - Боевото гаѓање ќе го извршиме таму бидејќи Криволак наскоро ќе биде дефиниран како официјален полигон за обука на НАТО, за кој постапката е веќе во тек, наведе Ињац. ми/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан