Војската на Мали поврати контрола врз бунтовничко упориште на северот од земјата
- -Не е можно веднаш да се добие независна потврда за веста што денеска беше емитувана на државната телевизија, пред се, затоа што мобилните телефонски мрежи во Кидал се во прекин.
Бамако, 14 ноември 2023 (МИА) - Владата на Мали објави дека нејзината армија го зазела северниот град Кидал, што е првпат во повеќе од една деценија армијата да заземе упориште на бунтовниците Туарези.
-Не е можно веднаш да се добие независна потврда за веста што денеска беше емитувана на државната телевизија, пред се, затоа што мобилните телефонски мрежи во Кидал се во прекин.
Малиската армија, заедно со припадници на руската паравоена група „Вагнер“, неколку дена се бореше со борци на племето Туарег, кои се обидуваат да ја преземат контролата врз градот, откако пред две недели оттаму си заминаа мировните сили на Обединетите нации. сд/