• среда, 25 декември 2024

Војник од Молдавија загина на демаркациската линија со отцепениот молдавски регион

Војник од Молдавија загина на демаркациската линија со отцепениот молдавски регион

Кишинев, 13 септември 2024 (МИА) - Војник од Молдавија, кој служел на границата со сепаратистичкиот регион Транснистрија, бил убиен вчера во неразјаснети околности во редок инцидент повеќе од 30 години по војната меѓу двете страни.

Во соопштението од Министерството за одбрана се наведува дека војникот бил „смртно ранет како последица од истрел од оружје што го поседувал додека вршел должност на својата позиција“. Се наведува дека полицијата и форензичарите го истражуваат инцидентот.

Војниците од Молдавија и од сепаратистичката Транснистрија се стационирани на линијата што ги раздвојува двете страни, заедно со руските „мировници“ кои беа присутни по краткиот конфликт во 1992 година по распадот на советската власт.

Молдавија вети дека повторно ќе ја вклучи Транснистрија на нејзина територија, а инцидентите долж линијата се исклучително ретки. Последниот смртен случај на војник датира од 2022 година. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан