Војнаровски: Јанис сака да игра на Ол-стар натпреварот
- Инсајдерот на „ЕСПН“ Адријан Војнаровски, сподели информации за плановите на ѕвездата на Милвоки бакс, Јанис Адетокумбо да учествува на НБА Ол-стар натпреварот.
![Војнаровски: Јанис сака да игра на Ол-стар натпреварот](https://new.mia.mk/index.php/images/20230218093508_big_730x400_95.webp )
Вашингтон, 18 февруари 2023 (МИА) - Инсајдерот на „ЕСПН“ Адријан Војнаровски, сподели информации за плановите на ѕвездата на Милвоки бакс, Јанис Адетокумбо да учествува на НБА Ол-стар натпреварот.
Адетокунбо доживеа истегнување на зглобот на десната рака на натпреварот против Чикаго пред два дена.
- Ова е прилично болна повреда, Јанис сега не е многу задоволен. Сепак, тој сака да игра на Ол-стар натпреварот во недела. Тоа е важно за него, особено како капитен. Има одговорен пристап кон се, тоа е навистина важно за него, рече Војнаровски.
Натпреварот на „Сите ѕвезди“ од најсилната кошаркарска лига на светот е закажан за ноќта недела кон понеделник со почеток во 01:30 часот по македонско време. зс/