• четврток, 26 декември 2024

Војдан Стојановски уште две сезони во МЗТ Скопје

Војдан Стојановски уште две сезони во МЗТ Скопје
Скопје, 14 август 2022 (МИА) – Македонскиот кошаркарски репрезентативец Војдан Стојановски потпиша нов двегодишен договор со МЗТ Скопје Аеродром. - Изминативе недели водевме жестока битка со повеќе реномирани европски екипи за услугите на Војдан Стојановски (34 год, 194 см) од која, на крајот, МЗТ Скопје излезе како победник, со оглед што успеа да го убеди македонскиот репрезентативец да го продолжи договорот и во следните две сезони да остане лидер на нашиот клуб, објавија аеродромц на својата веб-страница. Ова значи дека дека „сино-белите“ во новата сезона ќе бидат исклучително квалитетни во надворешната линија, каде што ги имаат и брат-близнак Дамјан, како и репрезентативните колеги Андреј Магдевски, Адем Мекиќ и Дамјан Робев. Тука се и Американците Мајк Кафи и Бре Ајви. Војдан имаше повеќе сериозни понуди надвор од државата, пред сѐ од Франција, но кај него победи желбата да се биде предводник на нашиот клуб во обидот да се врати реномето во најсилната лига во регионот и секако да се продоложи доминацијата на домашна сцена. Тој досега трипати беше најдобар кошаркар во Македонија (2009, 2011 и 2015 година), а во својата богата ризница има по две македонски круни и куп-трофеи, пехар од првенството на Украина и триумф во Купот на Германија. зс/

Остани поврзан