• сабота, 23 ноември 2024

Војвотката од Кент обожава рап-музика, посебно Еминем и Ајс Кјуб

Војвотката од Кент обожава рап-музика, посебно Еминем и Ајс Кјуб

Лондон, 22 август 2022 (МИА) - Војвотката Катрин од Кент проговори за нејзината наклонетост кон рап-музиката, па рече дека Еминем и Ајс Кјуб ѝ се омилените уметници во овој жанр.

Во интервју за „Сандеј телеграф“, жената која е во брак со братучедот на кралицата, принцот Едвард, војводата од Кент, и која е на прагот од десеттото десетлетие од својот живот, рече дека има отворен ум кога станува збор за музиката. - Би слушала сѐ. Јас едноставно ја сакам музиката. Нешто што ми фаќа уво на радио... Навистина не слушам плочи. Ако ми тапкаат стапалата тогаш сум среќна... Сакам дури и „битбокс“, изјави војвотката од Кент. Иако признава дека „не ги знае сите (имиња на)“ на раперите, таа особено ги претпочита денес најпознатиот „бел рапер“, како и „пионерот од Комптон“. Инаку, војвотката 13 години била учителка по Музика во државно основно училиште во Хал. А пак, како ученичка свирела пијано, виолина и оргули, и за малку не била примена во Кралската академија за музика. Нејзиното повлекување од кралските должности по раѓањето на четвртото, мртвородено дете во 1977 година, предизвика контроверзии. Јавните нејзини настапи станаа уште поретки по нејзината одлука да се преобрати во католицизам, 1994 година, со што таа стана првиот висок член на кралското семејство што јавно се преобратил по Законот за населување од 1701 година. Инаку, војвотката е позната по својата работа со УНИЦЕФ, како и просветителската дејност во Хал.  си/ссм/

Остани поврзан