• понеделник, 31 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Вориорс се пошегуваа со Клеј Томпсон давајќи му дрес со број 77

Вориорс се пошегуваа со Клеј Томпсон давајќи му дрес со број 77
Сан Франциско, 24 октомври 2021 (МИА) – Кошаркарите на Голден Стејт вориорс, одлучија да се пошегуваат со својот соиграч Клеј Томпсон откако не беше вклучен во листата на 76 најдобри играчи во историјата на НБА. https://twitter.com/i/status/1452034030740852742 Пред саботниот тренинг, соиграчите на Томпсон закачија дрес со број 77 во неговиот шкаф во соблекувалната. Играч на Голден Стејт, Дрејмонд Грин објави на својот Инстаграм две кратки видеа од маичката што висат во шкафчето на Томпсон, по што следува уште едно видео на кое Томпсон шета низ теретана во дресот. зс/

Остани поврзан