• недела, 24 ноември 2024

Ворен „Вава“ Снајп ја преведуваше химната на знаковен јазик и стана хит на „Супербол“

Ворен „Вава“ Снајп ја преведуваше химната на знаковен јазик и стана хит на „Супербол“
Лос Анџелес, 8 февруари 2021 (МИА) - По сѐ, изгледа „Суперболот“ не е само спорт, туку цела една претстава за која се говори со денови потоа... За Ворен „Вава“ Снајп, се чини, ќе се зборува и подолго. Имено, тој успеа да ја воодушеви публиката настапувајќи заедно со пејачката ХЕР, која изведе две композиции на сцената - националната химна „The Star-Spangled Banner" и уште една американска патриотска песна. Неговата задача беше да ги преведе песните на знаковен јазик за лицата со оштетен слух... И, тој тоа го стори со широка насмевка. Тој и неговиот настап беше првично предложен и избран од гледачите и обожавателите на финалето на американското рагби. „Ворен Снајп е уметникот што ја изведе националната химна на ’Суперболот‘. Тој ’го украде‘ шоуто“, „Би сакал да бев исто толку ’кул‘ како човеков што ја изведуваше американската национална химна на ‘Суперболот’ на знаковен јазик“ - се само дел од коментарите на Твитер.  си/ https://twitter.com/i/status/1358562688071311360

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан