• четврток, 26 декември 2024

Вооружени судири на границата меѓу Киргистан и Таџикистан, има жртви

Вооружени судири на границата меѓу Киргистан и Таџикистан, има жртви
Бишкек, 29 април 2021 (МИА) - Најмалку едно лице загина, а 18 се повредени во денешните судири меѓу киргистанската и таџикистанската војска околу спорен дел од границата. Министерството за здравство на Киргистан соопшти дека во судирите имало 17 жртви, вклучително и „еден смртен случај“. Таџикистанскиот комитет за безбедност соопшти дека двајца нивни државјани се повредени, едниот е во сериозна состојба. Борбите уследија по конфликтот за водната инфраструктура на границата меѓу двете земји, кои имаа серија гранични спорови откако се стекнаа со независност по распадот на Советскиот сојуз во 1991 година. Повеќе од една третина од границата е спорна, а областа околу де факто таџикистанскиот остров Ворух, каде денеска изби конфликтот, беше редовна точка на судири над територијата и пристап до вода. Киргистанскиот комитет за национална безбедност соопшти дека таџикистанската страна „намерно испровицира конфликт“ на границата. „Започна пукањето меѓу воените единици на (двете земји). Според прелиминарните информации, таџикистанската страна создава позиции за минофрлачки оган", соопшти комитетот. Таџикистанските безбедносни сили ги обвинија киргистанските војници за „отворање оган врз таџикистанските трупи на местото на сливот Головнаја на горниот тек на реката Исфара“. Вчера, цивили од Киргистан и Таџикистан беа вовлечени во конфликт околу речната инфраструктура. Седуммина таџикистански државјани беа повредени откако Киргистанци ги каменуваа, се вели во соопштението. Граничните спорови меѓу трите земји кои ја делат плодната Ферганска Долина - Киргистан, Таџикистан и Узбекистан - потекнуваат од демаркацијата на границите за време на Советскиот Сојуз. Преплетувањето, извртувањето на границите остави неколку заедници со ограничен пристап до нивните матични земји. ссм/

Остани поврзан