Вооружени напаѓачи киднапираа 50 луѓе во северозападна Нигерија
- Жителите на рударскиот град Багега во државата Замфара изјавија дека вооружени лица упаднале во селото со мотоцикли, пукајќи во сите на кои ќе наишле и ги запалиле нивните куќи.
Абуџа, 17 октомври 2023 (МИА) – Вооружени лица киднапирале речиси 50 луѓе, меѓу кои жени и деца во северозападна Нигерија.
Жителите на рударскиот град Багега во државата Замфара изјавија дека вооружени лица упаднале во селото со мотоцикли, пукајќи во сите на кои ќе наишле и ги запалиле нивните куќи.
Во нападот загинале три лица, а седум се ранети.
Во последниве години, киднапирањата за откуп станаа вообичаени во северозападна Нигерија, каде вооружените банди напаѓаат села, училишта и патници. јт/
Фото: МИА архива