• среда, 25 декември 2024

Вооружена група се обидела да изврши напад во Венецуела

Вооружена група се обидела да изврши напад во Венецуела
Каракас, 3 мај 2020 (МИА) - Министерот за внатрешни работи на Венецуела, Нестор Реверол изјави дека рано изутринава група вооружени лица се обидела да изврши напад во земјата преку пристаништниот град Гваира, од каде пристигнала со чамци. Реверол во обраќање преку државната телевизија истакна дена венецуелските власти успеале да ги совладаат напаѓачите, за кои нагласил дека пристигнале од соседна Колумбија, неоткривајќи го нивниот идентитет. Тој ги нарече напаѓачите „терористички платеници“ кои планирале да ја соборат венецуелската Влада. Западните медиуми потсетуваат дека Венецуела под власта на претседателот Николас Мадуро се наоѓа во длабока политичка и економска криза, а околу 60 земји во светот како легитимен лидер на таа земја го признаваат опозицискиот лидер Хуан Гуаидо. гт/

Остани поврзан