• среда, 27 ноември 2024

Вон контрола пожарот во Националниот парк „Преспа" кај Пустец

Вон контрола пожарот во Националниот парк „Преспа

Тирана, 12 август 2024 (МИА) - Вон контрола се уште е пожарот на Сува планина во националниот парт „Преспа" во општина Пустец.

- Продолжува со висок интензитет пожарот кај Пустец  поради ширење на пламените јазици во повеќе правци. Тие  се проширија толку многу што излегоа од контрола и се во опасност да се приближат до граничниот премин „Горица" и до селото Горна Горица, јавија албанските медиуми.

Опожарената површина надминува 150 хектари вегетација. Ветерот го шири пожарот и во правец кон Поградец долж Сува Планина.

- Локалните структури од Пустец, Корча и други околни општини, армиски и полициски сили без прекин работат на изолирање на огништето на пожарот, но поради тешко пристапниот терен тоа е тешко. Најавена е интервенција со два хеликоптери, бидејќи тоа е единствена алтернатива, додаваат медиумите.

Според Министерството за одбрана на Албанија состојбата со пожарите во земјава е загрижувачка бидејќи пожари има од југот до северот на земјата. Вчера  идентификувани биле 47 пожари, а од нив 36 се изгаснати или ставени под контрола,  додека 11 со големи размери сеуште се активни. вт/дма/


Фото: Министерството за одбрана на Република Албанија

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан