• среда, 27 ноември 2024

Вонредно обраќање на кралицата Елизабета Втора поради Ковид-19

Вонредно обраќање на кралицата Елизабета Втора поради Ковид-19
Лондон, 5 април 2020 (МИА) - Кралицата Елизабета Втора ќе им се обрати вечерва на граѓаните на Велика Британија, кои ќе ги повика одлучно да се спротивстават на кризата предизвикана од новиот коронавирус. - Се надевам дека сите во годините кои следуваат ќе можат да бидат горди на тоа како одговориле на овој предизвик. А оние кои ќе дојдат по нас ќе можат да кажат дека оваа генерација Британци била силна, како и сите претходни, се наведува во пораката на британската кралица. Багингемската палата соопшти дека станува збор за вонредна телевизиска порака, петта која кралицата Елизабета Втора ја снимила во текот на нејзините 68 години поминати на престолот, исклучувајќи ги новогодишните обраќања. Во момент кога британскиот премиер Борис Џонсон се наоѓа во самоизолација, а голем број министри се позитивни на Ковид-19, во Багингемската палата тврдат дека обраќањето на кралицата е снимено во дворецот Виндзор под високи мерки на предострожност, каде во просторијата биле присутни само таа и снимателот, кој бил со целосна заштитна опрема. гт/

Остани поврзан