• четврток, 26 декември 2024

Вонредна дезинфекција на најфреквентните места во Македонска Каменица

Вонредна дезинфекција на најфреквентните места во Македонска Каменица
Македонска Каменица, 30 октомври 2020 (МИА) - Во насока за обезбедување дополнителна заштита и безбедност на граѓаните од ширење на коронавирусот, синоќа екипи на јавното претпријатие „Камена Река” извршија вонредна дезинфекција на најфреквентните улици и јавни површини во Македонска Каменица.
-Дезинфекцијата е спроведена како една од препорачаните мерки за спречување и заштита од коронавирусот и таа се вршеше со раствор од хлор. Според однапред утврдениот распоред и динамика, со дезинфекцијата беа третирани сите фреквентни улици во градот, информираа надлежните.
Со оглед на новонастаната ситуација и зголемениот број на позитивни случаи, како што информираа, за денеска е закажан вонреден состанок на Општинскиот штаб за заштита и спречување на ширењето и заразата од Ковид 19. На состанокот, се очекува да се утврдат  начините и динамиката на спроведување на најновите мерки, протоколи и препораки од Владата и медицинските власти во борбата против Ковид-19.
Во Делчево и Македонска Каменица бројката на заразени од Ковид-19 поради заедничката здравствена установа, се евидентираат како една општина. Заклучно со вчерашниот ден во овие две општини има 111 активни случаи на Ковид-19.  вс/бак/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан