• сабота, 23 ноември 2024

„Вонземјанин“ се вози по метроата во Њујорк

„Вонземјанин“ се вози по метроата во Њујорк

Њујорк, 16 август 2023 (МИА) - Снимка од нешто налик вонземјанин во подземната железница во Њујорк - еден од најпрометните градови во светот, предизвикува внимание на интернет. Некои се пошегуваа и дека треба да биде повикан Вил Смит кој „ги шамараше“ вонземјаните во научнофантастичната комедија „Луѓе во црно“.

„Вонземјанинот“ носи маска во сино-зелена боја со облик на голема ќелава глава, со искривени уши и црни очи... Има и широка маица со слика на планетата Земја и зборовите „Сакај ја мајка сѝ“, а луѓето го забележале на повеќе места во „Големото Јаболко“, користејќи само движења со рацете за комуникација.

Се работи за осмислена реклама за новиот филм „Џулс“ (Jules) (научна фантастика, драма, комедија), којшто веќе излезе на 11 август. Станува збор за приказна старец чиј живот се менува кога НЛО ќе слета во неговиот двор во рурална Пенсилванија (САД). си/рп/

Фото: Твитер

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан