• вторник, 24 декември 2024

Вондрушова се повлече од Игрите во Париз

Вондрушова се повлече од Игрите во Париз

 

Париз, 22 јули 2024 (МИА) – Освојувачката на сребрениот медал на Олимписките игри во Токио, чешката тенисерка Маркета Вондрушова (25) поради повреда на раката се повлече од Игрите во Париз.

„Многу ми е жал, но поради здравствени причини нема да учествувам на Олимписките игри во Париз“, објави Вондрушова попладнево на Инстаграм.

„До последен момент се надевав барем на настап во парови, но проблемите со раката не ми дозволуваат да излезам на теренот“, додаде 25-годишната чешка тенисерка.

Вондрушова дојде до женското финале во Токио во кое загуби од деветтата носителка Белинда Бенчиќ од Швајцарија. Швајцарката, која роди ќерка во април, исто така нема да биде во Париз за да ја брани титулата. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан