• петок, 27 декември 2024

Волш: Поради скапото гориво ќе се зголемат цените на авиобилетите

Волш: Поради скапото гориво ќе се зголемат цените на авиобилетите
Лондон, 10 јули 2022 (МИА) - Генералниот директор на Меѓународното здружение на воздушен транспорт (ИАТА), Вили Волш изјави дека поради раст на трошоците за гориво ќе се зголеми цената на авионските билети. Тој наведе дека цените на горивото се рекордно високи и оти „нафтата е единствен најголем елемент во основата на трошоците на авиокомпаниите“ - Неизбежно е на крај високите цени на нафтата да се пренесат на потрошувачите преку повисоки цени на билетите, посочи Волш. ми/

Остани поврзан