• сабота, 23 ноември 2024

Волф по несреќите на последните трки: Со ограничени буџети, ситуацијата за Мерцедес навистина се покажа тешка

Волф по несреќите на последните трки: Со ограничени буџети, ситуацијата за Мерцедес навистина се покажа тешка

Лондон, 31 октомври 2024 (МИА) – Извршниот директор на Формула 1 тимот Мерцедес, Тото Волф, го призна проблемот со недостигот на резервни делови за новите болиди. Истакна дека тимот може да има тешкотии на следната трка за Големата награда на Бразил доколку некој од пилотите повторно доживее несреќа.

Според Волф, Мерцедес беше силно погоден иле тешко погодени по хавариите во Монца, во Остин и во Мексико Сити.

- Со буџетските ограничувања, ситуацијата е навистина тешка. Овие три несреќи го доведоа Мерцедес во тешка положба. Несреќата во петокот во Мексико Сити беше многу сериозна. Моравме да се префрлиме на целосно нова шасија, што е огромен удар за тимот со оглед на ограничувањата на трошоците. Веројатно ќе мора некако да го намалиме бројот на нови делови што ги вградуваме на болидите. Така да, на сцената во Бразил ќе имаме два пакети за надградба, две нови долни каросерии, тоа е сè. Нема да има други резервни делови. Тимот мора да работи во рамките на одредени ограничувања во однос на бројот на резервни делови, а понекогаш мора да биде креативен во решавањето на проблемите, истакна Волф.

Во пресрет на трката во Бразил, пилотите на Мерцедес Луис Хамилтон и Џорџ Расел се наоѓаат на шестото, односно седмото место во поредокот на возачи во Ф1 шампионатот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан