• среда, 25 декември 2024

Волф за излетувањето на Расел во Сингапур: Подобро е да имаш несреќа сега отколку при борба за шампионската титула

Волф за излетувањето на Расел во Сингапур: Подобро е да имаш несреќа сега отколку при борба за шампионската титула

Лондон, 20 септември 2023 (МИА) – Претседателот на Формула 1 тимот Мерцедес, Тото Волф, зборуваше за несреќата на тимскиот возач Џорџ Расел на Големата награда на Сингапур.

 

- Се чувствувам лошо поради Џорџ затоа што тој 99,9% имаше фантастичен викенд, но за дел од секунда ја загуби концентрацијата, удри во ѕид и тоа се случи. Му реков дека е подобро да го направиме тоа сега додека учиме отколку кога се бориме за победа или шампионска титула. Ќе ја памети оваа грешка. Не смееме да заборавиме дека ова му е втора сезона во конкурентен болид. Тој се потруди да победи на трката. Во тој момент единствениот начин да се престигне Норис, а можеби и Сајнц беше да го искористи секој милиметар на патеката, изјави Волф за „Autosport“.

 

Победник на Големата награда на Сингапур беше возачот на Ферари, Карлос Сајнц. Второто место го освои Ландо Норис од Мекларен. Трет заврши тимскиот колега на Расел, Луис Хамилтон.

 

Самиот Расел изгуби контрола над болидот и излета од патеката во последниот круг и ја загуби шансата да биде помеѓу првите тројца. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан