• среда, 25 декември 2024

Волф ги обвини судиите за пристрасност на трката за ГН на САД

Волф ги обвини судиите за пристрасност на трката за ГН на САД

Лондон, 22 октомври 2024 (МИА) – Извршниот директор на Формула 1 тимот Мерцедес, Тото Волф, коментираше дел од одлуките на стјуардите на трката за ГН на САД возена во неделата во Остин.

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, беше казнет затоа што го истурка возачот на Кик-Заубер, Валтери Ботас, а претставникот на Мекларен, Ландо Норис, поради претекнувањето на лидерот оваа сезона, Макс Верстапен надвор од патеката.

- Верстапен не доби казна за инцидентот со Норис на почетокот на трката, а Ландо беше казнет затоа што беше истуркан и претекнат однадвор. Мислам дека ова е малку пристрасна одлука, но, знаете, не сум изненаден, ги цитира „RaceFans“ зборовите на Волф.

Победник на трката беше возачот на Ферари, Шарл Леклер, неговиот тимски колега Карлос Сајнц го освои второто место, а возачот на Ред Бул, Макс Верстапен ја комплетираше првата тројка. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан