• понеделник, 23 декември 2024

Волстрит џурнал: Севернокорејски генерал ранет во неодамнешен украински напад во Курска област

Волстрит џурнал: Севернокорејски генерал ранет во неодамнешен украински напад во Курска област

 
Вашингтон, 20 ноември 2024 (МИА) Постар севернокорејски генерал бил ранет во неодамнешен напад на Украина во Курската област на Русија, соопшти денеска „Волстрит журнал’ повикувајќи се на западно официјално лице.
Ова е прв пат западни дипломати да потврдат дека високопоставен воен офицер од Северна Кореја е жртва на руско-украинскиот воен конфликт кој во изминатиот период ескалира.
Засега се знае дека над 10.000 севернокорејски војници се распоредени во руската Курска област, во обид на Кремљ да ги истера силите на Украина кои летоска од август зазедоа дел од областа. Курска областа се граничи со Украина.
Белата куќа ја осуди употребата на севернокорејски војници од страна на Москва и минатиот месец предупреди дека тие ќе бидат цел на силите на Украина.
Генералот најверојато е жртва на украинскиот напад извршен вчера со најмалку десет преактил од типот Storm Shadow, наведуваат некои набљудувачи. кб/

Остани поврзан