• вторник, 24 декември 2024

Волстрит Журнал: Русија им даде на Хутите клучни информации за ракетни напади врз бродови во Црвеното Море

Волстрит Журнал: Русија им даде на Хутите клучни информации за ракетни напади врз бродови во Црвеното Море

Вашингтон, 25 октомври 2024 (МИА) - Русија обезбеди сателитски податоци претходно оваа година за да им помогне на јеменските бунтовници Хути да го нападнат комерцијалниот брод во Црвеното Море, објави синоќа Волстрит Журнал.

Американскиот весник, повикувајќи се на извор запознаен со ова прашање и двајца анонимни европски одбранбени функционери, објави дека податоците ги пренеле припадници на иранската Исламска револуционерна гарда стационирани во Јемен и биле користени за гаѓање бродови со проектили и беспилотни летала.

Исламистичките бунтовници Хути, кои се поддржани од Иран и контролираат големи делови од Јемен, почнаа да напаѓаат комерцијални бродови во Црвеното Море во, како што велат, солидарност со Палестинците во војната во Газа, предизвикана од терористичкиот напад на Хамас на 7 октомври 2023 година на Израел.

Нападите доведоа до драматичен пад на сообраќајот низ таа клучна сообраќајна лента. Како одговор, САД и Велика Британија распоредија поморска коалиција во регионот и бомбардираа цели на Хутите во Јемен.

Во повеќе од 100 напади на Хути во текот на речиси една година, четворица морнари беа убиени, а два брода потонаа, додека екипажот од еден брод останува во притвор откако беше киднапиран минатиот ноември. паг/

Фото: Х

 

Остани поврзан