• недела, 24 ноември 2024

„Волстрит журнал“ бара итно ослободување на нивниот новинар уапсен во Русија

„Волстрит журнал“ бара итно ослободување на нивниот новинар уапсен во Русија

Њујорк, 2 април 2023 (МИА) - Американскиот весник „Волстрит журнал“ вчера побара итно ослободување на Еван Гершкович, нивниот дописник од Москва, кој беше уапсен од руската безбедносна служба ФСБ под сомнение дека шпионирал.

„Случајот на Еван е злобна навреда за слободниот печат и треба да предизвика бес кај сите слободоумни луѓе и влади ширум светот“, се наведува во соопштението на весникот на Твитер.

Руската служба за безбедност (ФСБ) претходно, во четвртокот, објави дека дописникот на американскиот „Волстрит журнал, Еван Гершкович, е приведен во градот Екатеринбург под сомнение за шпионажа.

Во соопштението пренесено од руските медиуми, ФСБ наведе дека ги „запрела незаконските активности на американскиот државјанин Еван Гершкович, роден 1991 година, дописник на московскиот огранок на американскиот весник „Волстрит журнал“, акредитиран во руското Министерство за надворешни работи, а кој е осомничен за шпионирање за интересите на американската Влада“. сд/

Остани поврзан