• среда, 27 ноември 2024

Волстрит Журнал: Доналд Трамп води со 47 наспроти 45 отсто пред Камала Харис

Волстрит Журнал: Доналд Трамп води со 47 наспроти 45 отсто пред Камала Харис

Вашингтон, 24 октомври 2024 (МИА) - Поранешниот претседател и републикански кандидат на претстојните претседателски избори во САД за помалку од две недели, Доналд Трамп има предност од 47 наспроти 45 во однос на одлуките за гласање против неговиот демократски противник и актуелен потпретседател Камала Харис, покажуваат резултатите од социолошката анкета објавена синоќа од американскиот Волстрит журнал.

Во социолошкото истражување се анкетирани 1.500 регистрирани гласачи, а дозволената грешка е во рамките на 2,5 проценти.

Претседателските избори во САД се на 5 ноември. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан