• сабота, 21 декември 2024

Волонтерска акција на Советот на млади од Крива Паланка

Волонтерска акција на Советот на млади од Крива Паланка

Крива Паланка, 24 октомври 2020 (МИА) – Општинскиот Совет на млади од Крива Паланка  поддржан од волонтери и ентузијасти, денеска реализираше акција за уредување и обнова на големиот летниковец на новиот пат кон манастирот „Св. Јоаким Осоговски“.

-Иницијативата е на Совет на млади, материјалите беа обезбедени од страна на општината и тоа: дрвени материјали, бои и четки, заковки и завртки, ракавици и најлонски кеси, се што беше неопходно за комплетна реализација на акцијата. Вклучени беа  вкупно шестмина, пет волонтери и јас, изјави претседателот на Совет на млади, Крива Паланка, Александар Величковски.

За целокупна реализација на активноста биле ангажирани нешто повеќе од четири часа.

-Работата ни одзема околу четири и пол саати. Морам да признаам дека објектот го затекнавме во очајна состојба, за што сведочат и сликите пред нашата акција, затоа апелираме до сите коишто го користат објектот, да се однесуваат домаќински и да не го руинираат за да може сите заедно да уживаме во него. Деновиве следува акција за расчистување и собирање на отпадоците околу самиот летниковец, нешто што денес не успеаме да го завршиме, а планирани се уште акции во коишто може да се приклучат сите заинтересирани, додаде Величковски.

Посочи дека тековно се работи и на реализација на годишната програма за 2020, која е видоизменета поради Ковид-19 пандемијата.

-Контактираме со младинска организација од Скопјеc за организирање  обуки и работилници за младите од општината, со Општински Совет за безбедност во сообраќај - Битола и градежен факултет, Скопје, но не е прецизирана временската рамка за кога би се одвивале овие активности, дополни Величковски. ид/ац/

Остани поврзан