• четврток, 26 декември 2024

Волонтери на Црвениот крст од Крива Паланка на терен за расчистување на снегот кај стари и изнемоштени лица

Волонтери на Црвениот крст од Крива Паланка на терен за расчистување на снегот кај стари и изнемоштени лица
Крива Паланка, 14 февруари 2021 (МИА) - Снегот и екстремно ниските температури беа причина волонтерски тимови на општинската организација на Црвен крст Крива Паланка да реализираат активности за справување со последиците од студениот бран.
- Со оглед на состојбата со екстремно ниските температури и конфигурацијата на теренот во нашата општина, но и познавајќи ја состојбата на населението и големиот процент на возрасни лица, во контекст на грижа за ранливи групи граѓани од општината, денеска посетивме дваесетина стари, изнемоштени и осамени лица и им помогнавме во расчистување на снегот за да им овозможиме пристап до домовите. Исто така, во консултација со нив, доколку имаа потреба, им носевме дрва за огрев, за да не движат по снегот, а и им помогнавме во подготовка на дрва за потпалување. Апелираме сите граѓани од оваа ранлива група да ни се обратат доколку имаат потреба,ние сме тука за нив, изјави Дарко Пешовски, секретар на општинската организација Црвен крст Крива Паланка.
Црвен крст Крива Паланка им стои на располагање и на граѓаните кои имаат потреба од услугите за набавка на намирници и лекови, и достава до нивните домови, за што можат да се обратат на телефонскиот број 078303060. ид/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан