• недела, 24 ноември 2024

„Волво“ ќе го утростручи производството во Гент, Белгија

„Волво“ ќе го утростручи производството во Гент, Белгија
Гент, 21 јануари 2021 (МИА) - „Волво карс“ ќе го зголеми тројно својот капацитет за производство на електрични возила во својата фабрика во Гент, Белгија, како одговор на зголемената побарувачка за сериjaтa eлekтромобили „Ричарџ“. Зголемувањето на капацитетот е одговор и на резултатите од продажбата во текот на целата година што укажуваат на зголемена побарувачка за моделите со полнење. До 2022 година, производствениот капацитет на електрифицирани возила во Гент ќе се зголеми за повеќе од трипати и ќе претставува приближно 60 насто од вкупниот производствен капацитет на фабриката. Гент во овој миг се подготвува и за производство на друг, исто така - целосно електричен модел на „Волво“ заснован на тн. „модуларна архитектура на возила“ (ЦМА). Производството на моделот треба да почне кон крајот на годинава. Фабриката веќе го произведува моделот „Икс-це-40 ричарџ“ - првиот целосно електричен автомобил на компанијата, како и неговата хибрид-верзија. „Нашата иднина е ‘електрифицирана’ и клиентите очигледно се многу задоволни од нашите возила за полнење. Фабриката во Гент навистина го отвора патот за нашата светска производна мрежа во насока на електрифицирање на идните модели и зголемување на производствениот капацитет за такви перформанси. ’Волво карс’ се обврза да стане производител на врвни електрични возила и има намера да лансира неколку целосно електрични модели наредните години“, рече Хавиер Варела, менаџер во областа за глобална индустрија и квалитет. До 2025 година, целта е да се постигне продажба во којашто 50 насто од уделот ќе биде претставен со целосно електрични возила, а другата половина со хибриди. Така, фабриката во Гент е прва фабрика во светската производствена мрежа на Волво Карс која започна со производство на целосно електрични автомобили, а компанијата исто така планира да го зголеми и производствениот капацитет за електрични возила на други погони низ целиот свет. Компанијата минатиот месец објави дека ќе покрене ппогон за електрични мотори и во шведскиот округ Сковде. Наредните години, компанијата има намера да вложи близу 70 милиони евра за да ја постигне оваа цел, за следната генерација автомобили „Волво“.  си/

Остани поврзан