• среда, 13 ноември 2024

„Волво карс“ го произведе последниот дизел-автомобил

„Волво карс“ го произведе  последниот дизел-автомобил

Стокхолм, 28 март 2024 (МИА) - Шведската компанија „Волво карс“ им стави крај на дизел-автомобилите, откако последниот теренец „Икс-це-90“ излезе од производната лента во фабриката „Торсланд“ во Шведска вчеравечер како последен дизел-модел од овој автопроизводител, пренесува „Блумберг“.

- Сосем сме уверени дека имаме многу добри понуди за купувачите, дури и без дизел-возилата, изјави Ерик Северинсон, извршен директор на „Волво“ задолжен за нови автомобили и оперативна стратегија.

Ова го означува крајот на дизел-ерата за брендот „Волво“, кој во иднина планира да произведува само електрични возила.  си/паг/

Фото: Википедија

Остани поврзан