• четврток, 26 декември 2024

Вокер сака да остане во Сити

Вокер сака да остане во Сити

Манчестер, 20 јуни 2023 (МИА) – Фудбалерот на Манчестер сити, Кајл Вокер, сака да остане во редовите на англискиот шампион и покрај интересот за неговите услуги од германскиот првак Баерн Минхен.

Како што денеска објави телевизијата Скај Германија, преговорите меѓу Баерн и Сити за трансфер на англискиот репрезентативец напредуваат, но Вокер сака да остане на „Етихад“ и да го продолжи договорот.

Вокер има договор со Манчестер сити до јуни 2024 година.

Откако во 2017 година се пресели од Тотенхем во Манчестер сити, 33-годишниот Вокер освои вкупно 12 титули, вклучувајќи една во Лигата на шампиони и пет во Премиер лигата. ег/паг/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан