• четврток, 26 декември 2024

Вокер во Манчестер сити до 2026

Вокер во Манчестер сити до 2026

Манчестер, 15 септември 2023 (МИА) – Десниот бек на Манчестер сити, Кајл Вокер, го продолжи договорот со англискиот првак до 2026 година.

Се шпекулираше дека Вокер ова лето ќе го засили минхенски Баерн откако го загуби првотимскиот статус кај тренерот Пеп Гвардиола, но, на крајот одлучи да остане во редовите на актуелниот европски и англиски шампион.

„Возбуден сум што потпишав нов договор. Мојата иднина е во Манчестер сити и тоа е најдобрата работа за мене. Уживав во секој момент во последните шест години во овој фантастичен клуб“, изјави 33-годишниот Вокер по продолжувањето на договорот.

Вокер ја почна кариерата во Шефилд јунајтед, а ги носеше дресовите и на Тотенхем, КПР и Астон Вила, пред во 2017 година дојде во Сити со кој досега освои 15 трофеи. ег/

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан