• недела, 23 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Воислав Мерџановски нов претседател на Шаховската федерација на Македонија

Воислав Мерџановски нов претседател на Шаховската федерација на Македонија

 

Скопје, 20 март 2025 (МИА) – Нов претседател на Шаховската федерација на Македонија (ШФМ) е Воислав Мерџановски, наследувајќи го на должноста досегашниот прв човек Саша Богдановиќ.

Мерџановски беше избран на вонредно изборно Собрание одржана синоќа во Скопје, откако Богдановиќ поднесе оставка, една година пред да му истече четиригодишен мандат.

Од вкупно 30 присутни делегати на вонредното Изборно собрание, Мерџановски со 18 гласа „за“ беше избран на претседателското место за кое кандидатура поднесе и Оливер Дерковски.

Новиот претседател Мерџановски е ФИДЕ судија и досегашен член на Управниот одбор на ШФМ. ег

ФОТО: ШФМ

Остани поврзан