Возовите на релација Скопје - Велес - Скопје, Скопје - Битола и Жабени - Скопје нема да сообраќаат од 11 декември до 10 јуни 2026
- Поради реконструкција на пругата на делницата Скопје - Зелениково, од 11 декември 2025 до 10 јуни 2026 година нема да сообраќат повеќе возови.
Скопје, 5 декември 2025 (МИА) - Поради реконструкција на пругата на делницата Скопје - Зелениково, од 11 декември 2025 до 10 јуни 2026 година нема да сообраќат повеќе возови.
- Нема да сообраќаат следниве возови: возот број 601 на релација Скопје - Велес, со време на тргнување во 8:00 часот, возот број 2081 на релација Скопје - Велес со време на тргнување во 13:20 часот, возот број 643 на релација Скопје - Битола, со време на тргнување во 14:30 часот, возот број 2080 на релација Велес - Скопје, со време на тргнување во 12:10 часот, возот број 2082 на релација Велес - Скопје со време на тргнување во 14:24 часот и возот број 642 на релација Жабени - Скопје, со време на тргнување во 11:15 часот, се наведува во соопштението од Железници на Северна Македонија - Транспорт АД-Скопје. мд/са/
Фото: МИА архива