• недела, 06 октомври 2024

Возило паднало во провалија во Маврово, три лица се полесно повредени

Возило паднало во провалија во Маврово, три лица се полесно повредени
Скопје, 20 ноември 2022 (МИА) - Возило излетало од патот и паднало во подлабока провалија на влезот во Маврово од правецот на с.Никифорово, информира РЦУК Тетово. Според информациите добиени од полициската станица Маврово, две лица се извлечени од провалијата додека едно лице само успеало да излезе. Трите лица се упатени во болницата во Гостивар и според дежурниот лекар имаат полесни телесни повреди.са/ Фото: МИА архива
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан